за нас

Здружение за поттикнување и промоција на информатиката

„Асоцијација на студенти и информатичари“ – Скопје

Кратка историја

„Асоцијацијата на студенти и информатичари“ – Скопје е здружение основано од слободно здружение на млади ентузијасти од областа на информатиката, без оглед на нивниот национална и верска определба, пол се со цел извршување активности за застапување на заеднички интереси пред јавноста, државата телата на Република Македонија и јавното мислење. Здружението АСИ е формирано на 10.03.2017 година во Скопје, Република Македонија со единствена стратешка цел Размена на искуства и знаења за практично дејствување и влијание на информатиката во обликувањето на јавното мислење, промовирање и охрабрување за информатика, како и придонес кон дигитализацијата во Македонија

Мисија

Нашата мисија е да постигнеме и развиеме соработка помеѓу студенти, студентски организации, организации на информатичарите, стопанските комори, компании и јавни институции, како во Република Македонија, така и во странство, да помогнеме во развојот и дигитализацијата на нашата земја со цел ИТ професионалците да бидат обединети и да се борат заедно за своите права, истовремено претставувајќи го напредокот на општеството воопшто. Покрај обезбедувањето услови за подобра комуникација и унапредување на информатиката, компјутерските науки, младите треба да се стремат кон подобрување и сопствено надоградување.

Благодарност

Голема благодарност до Градот Скопје за пружената помош при создавање на оваа платформа. Нивната исклучителна посветеност при помош на граѓаните како индивидуи, како и сите останати целни групи,
синдикати, комори, здруженија, придонесоа за создавање на платформата за мапирање на споменици и културни објекти на Град Скопје.
Позади њеб страната Споменици стои невладината организација Асоцијација на студенти и информатичари чија цел е да ја подигне граѓанската свест во областите на информатиката, демокартијата, иновативноста екологијата, екоинформатиката, околината, зелената енергија и слично. Во исто време, една од главните идеи за кои се залага АСИ е идејата за обезбедување образование и нови можности за развој  и дигитализација на општеството во целост.

Контактирајте нѐ

Посетете нѐ

Посетете нѐ во нашуте канцеларии и дозјанте повеќе за нашите заложби и активности

ул. Варшавка бр. 3

Контактирајте нѐ

Ги очекуваме сите млади енузијасти да се вклучат во нашите активности

++ 389 72 229 355

Е-пошта

За сите дополнителни прашања контактирајте не на нашата електронска пошта